СКАНДАЛ: Доктор збесна и почна да се дере по пациенти на клиниката за урологија во Скопје, директорот најави дисциплинска постапка
Снимка од Клиниката за урологија во која се гледа како доктор гласно вика низ ходниците, пред пациенти кои чекаат преглед, предизвика реакции во јавноста. Инцидентот се случил кога семејство на пациент со карцином во четврти стадиум и силни болки побарало итен преглед за својот близок.
Според сведоштвото на Ивана Ачимовиќ, докторот А.И реагирал бурно и почнал да вика на нејзината баба, а потоа и на неа, додека пациентот во количка чекал во ходникот. „Кога му укажав дека нема право да вика, тој побара да се повика обезбедување. Неговите колеги излегоа и се обидоа да ја смират ситуацијата, при што рекоа дека неговото однесување не е вообичаено“, наведува Ачимовиќ.
Директорот на Клиниката за урологија, Башким Шабани, изјави дека досега не бил информиран за овој настан, но најави формирање на дисциплинска комисија која ќе го испита однесувањето на докторот. Тој посочи дека снимката ќе биде разгледана на колегиум, по што ќе се преземат соодветни мерки.