Полициски службеник се самоповредил со службениот пиштол по завршување со боево гаѓање во касарната „Ѓорче Петров“
На 20.02.2025 година во 13:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиштето во касарната „Ѓорче Петров“, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се здобил со повреда на раката.
Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана медицинска помош.
За настанот бил известен јавен обвинител, а надлежните служби работат на негово целосно расчистување.