Жесток напад во автомобил – маж од Скопје под истрага

 


Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против 37-годишен маж од Скопје, осомничен за кривично дело – Полов напад и силување, согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според наводите на истрагата, инцидентот се случил на 21 февруари, кога осомничениот во автомобил, кој е во сопственост на неговиот татко, насилно извршил полово дејствие врз жена против нејзината волја. Жртвата се обидувала да се одбрани, но напаѓачот ја удирал по главата и телото со тупаници, а потоа и со нога по лицето, предизвикувајќи сериозно крвавење. И покрај нејзините обиди да се извлече, тој ја присилил на сексуален однос.

Поради проценката дека постои ризик од бегство и можност за повторување на делото, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот.