Утринава во Скопје се спроведува полициска акција во која се приведуваат актуелни и поранешни вработени во затворите, осомничени за незаконски активности и формирање на организирана криминална група.
Според неофицијални информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андонов Сокол, заедно со неговиот поранешен заповедник.
Осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, овозможување бегство на затвореници, незаконско ослободување на лица лишени од слобода и соучество во криминални дејствија.
Филип Андонов Сокол, пред да биде назначен за директор на затворот во 2020 година, беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за прашања од посебен јавен интерес за граѓаните на Скопје.