Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, едно лице загина

 Вечерва на патот Битола – Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа со фатални последици, соопшти Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ). Едно лице го загуби животот, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Поради несреќата, сообраќајот е целосно прекинат кај местото „Беровци“, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Возилата се пренасочуваат по стариот пат додека трае расчистувањето на местото на несреќата.