Во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар дошло до инцидент во кој наставничка наводно физички нападнала неколку ученички, при што бил употребен и дрвен предмет.
Случајот бил пријавен од родител на една од ученичките, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалните податоци, пријавата била поднесена на 27 февруари 2025 година, околу 21:00 часот, при што било наведено дека инцидентот се случил истиот ден во 17:20 часот, за време на час по физичко воспитување, во училишна соблекувална.
Надлежните органи работат на целосно расветлување на случајот.