Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево во близина на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, јавува ТВ21. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири автомобили, кои се судриле на булеварот „Босна и Херцеговина“, во близина на семафорите што водат кон булеварот „Словенија“. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски екипи, кои вршат увид и ги истражуваат околностите под кои дошло до судирот.
Според неофицијални извори, во несреќата има и повредени лица, но засега нема потврдени информации за нивната здравствена состојба. Очевидци велат дека ударот бил силен, а на местото на настанот се забележуваат оштетени возила и остатоци од судирот. Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од булеварот е значително отежнат, а полицијата го регулира движењето на возилата за да се избегнат дополнителни застои.
Во тек е истрагата за утврдување на причините за несреќата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот