НОВА ПРОВОКАЦИЈА: АЛБАНСКО ЗНАМЕ СЕ ВЕЕ НА ВОДНО

 Повеќе од две недели, на западните падини на планината Водно се вее големо знаме на Република Албанија, привлекувајќи внимание од жителите и посетителите на овој дел од Скопје.

Знамето е поставено на рид над селото Грчец, на јарбол висок околу десет метри, и е јасно видливо од поголема оддалеченост. Неговото присуство предизвикува различни реакции кај населенито и пошироката јавност, но засега нема официјални информации за тоа кој го поставил.

Надлежните институции сè уште немаат преземено мерки ниту дале соопштение во врска со ситуацијата.