Арачиновец со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН

 Маж од Арачиново вчера им се заканувал со огнено оружје на тројца вработени во ЕВН додека извршувале работни задачи, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според пријавата поднесена на 25 февруари 2025 година, во 11:10 часот, од Полициското одделение Арачиново, лицето со оружје му се заканувало на С.Ц. (55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека биле на работна задача. МВР соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.