ФОТО: Тешка сообраќајка се случила доцна вечерва во центарот на Скопје

 Вечерва на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на „Веро Маркет“, се случи тешка сообраќајна несреќа, при што, според неофицијални информации, повреден е случаен минувач.

На местото на несреќата се забележуваат превртен семафор, искршени автомобили на тротоарот и парчиња стакло расфрлани по коловозот, што јасно укажува на сериозноста на судирот меѓу две возила.

Според изјавите на очевидци, сообраќајот во овој дел од градот се одвива со отежнат режим, а полицијата се очекува наскоро да пристигне на местото на настанот.

Министерството за внатрешни работи најави дека повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден.