Уапсен брачен бар во Македонија за кражба на бебе

 Брачна двојка од Арачиново е приведена откако жителка на Куманово пријавила дека тие одбиле да ѝ го вратат нејзиното новороденче, кое привремено било оставено кај нив.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, на 23 февруари 2025 година, во 19:30 часот, М.М. (41) од Куманово пријавила дека А.М. (39) и неговата сопруга А.М. (35) од село Арачиново, скопско, одбивале да ѝ го вратат бебето.

М.М. изјавила дека се запознала со брачниот пар додека била бремена, при што тие ѝ понудиле финансиска помош по породувањето. По раѓањето на 18 февруари 2025 година и излегувањето од болница на 20 февруари, таа била пречекана од сопружниците, кои ѝ предложиле да потпише изјава кај нотар за бебето да остане неколку дена кај нив.

На 21 февруари, М.М. го оставила бебето во нивниот дом, при што добила финансиска помош од А.М. (39). Меѓутоа, на 23 февруари, кога побарала да си го земе детето, тие одбиле да ѝ го вратат со образложение дека бебето ќе остане кај нив.

Полицијата реагирала брзо, и на 24 февруари, околу 01:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле сопружниците. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против нив, соопштија од полицијата во Куманово.