Вчера во 15:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во текот на изминатите две недели, со употреба на сила, било провалено во црквата „Св. Јован Владимир“ во селото Подгорци, струшко, од каде биле одземени парични средства.
Полицијата информира дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот.