Драма во ЈСП: Двајца патници истепале возач на ЈСП

  Двајца патници физички нападнале возач на градски автобус во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот се случил на 25 февруари 2025 година, околу 13:40 часот, во скопската општина Карпош. Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле И.Б. (60) и С.О.Б. (59), двајцата жители на Скопје, кои по претходно несогласување во сообраќајот, физички го нападнале С.М. (51) додека тој ја извршувал својата должност како возач на автобус во ЈСП Скопје.

МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.