Полициска акција во Тетово - пронајдена е дрога и поголема сума на пари

 Вчера попладне во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акција при која беше приведено 37-годишно лице со иницијали М.М. од Тетово.

При извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, согласно судска наредба, беа пронајдени и одземени четири тегли со марихуана за кои се вршат дополнителни анализи и поголема сума на пари.

Лицето е задржано во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на наодите, ќе биде преземена соодветна постапка.