СТРАШНА НЕСРЕЌА: Падна покрив од трговски центар повредени се 79 лица има и загинати во инцидентот што се случи во Перу

 Трагедија се случи во трговскиот центар Реал Плаза во Перу, каде што три лица, меѓу кои и едно дете, го загубија животот поради уривање на покривот. Во овој инцидент се повредени уште 79 лица.

Според очевидците, непосредно пред уривањето се слушнал силен удар.

„Се слушна многу гласна бучава, а потоа видовме облак од прашина каде што падна покривот“, изјави еден од сведоците.

Трговскиот центар Реал Плаза изрази длабоко жалење за настанот и упати искрено сочувство до семејствата на загинатите. Исто така, најавија целосна поддршка за повредените и нивните блиски.

„Работиме тесно со надлежните институции и активно учествуваме во спасувачките напори. Даваме секаква помош на сите повредени граѓани“, соопштија од трговскиот центар.

Како знак на жалост и солидарност со жртвите, Реал Плаза одлучи сите свои трговски центри низ Перу да останат затворени во сабота, на 22 февруари.