Според информациите од „Бубамара“, снимката ќе биде емитувана на 2 март на Канал 5, додека аудиото ќе може да се слуша на Радио Бубамара.
Нашите иселеници во странство ќе имаат можност да ја проследат програмата на YouTube каналот на Радио Бубамара.
Топло ви препорачуваме да се подготвите за незаборавна вечер исполнета со смеење, одлична музика, оригинални шеги и многу, многу познати и наградени личности од светот на музиката, театарот, уметноста, литературата и забавата!
Македонскиот „Оскар“, како што ние со љубов го нарекуваме, е единствената манифестација во Македонија што цели 28 години посветено ги следи и вреднува вистинските културни вредности.