ВИДЕО: Марија Луиса открива: „Ако не се омажам, САМА ЌЕ СИ НАПРАВАМ ДЕТЕ“ во „НИШТО ЛИЧНО“

  Се говори за неа како за вистински феномен. Пејачка која, иако нема ниту една своја авторска песна, стана вистинска „кафеанска кралица на бакшишот“. Публиката ја обожава поради нејзината способност да создаде уникатна атмосфера на настапите, да ги погоди најдобрите песни и да направи да се чувствува „ќеиф“. Се издвојува со својот заводлив изглед и провокативен имиџ. Или, можеби, се работи за комбинација од сите овие фактори. Во секој случај, важно е дека по некои настапи дома се враќала со полни кеси бакшиш.

Родена во Битола, но со Скопје како привремен дом, неа, поради природата на работата, ретко ќе ја видите преку ден. За неа, ноќта е време за работа и уживање. Ултра сексапилна, провокативна и со специфичен хумор, активно ги користи социјалните мрежи, особено Инстаграм и ТикТок, но не толку за инфлуенсерство колку за забава. Неретко, преку шеги и зафрканции, сака да се забавува и да ги забавува своите следбеници. А, шегите често ги насочува кон своите најблиски, вклучувајќи ја и својата мајка, без да се чувствуваат навредени, туку само забава.

Иако нејзината музичка кариера трае подолг период, пошироката јавност ја запозна по „контроверзното видео“, кое кружеше неколку години назад. Иако тоа беше непријатен момент за неа, многумина сметаат дека токму тоа ја катапултираше на сцена. Веднаш по тоа, доби прекарот „македонска Северина“, а, како и хрватската поп дива, стана многу позната. Особено откако се пресели во Скопје, каде што нејзините настапи значително се зголемија, како по број, така и по хонорари.