Македонија игра одлично на Светскиот шампионат, а нашите ракометни репрезентативци и стручниот штаб ќе добијат значителна премија за успешниот настап во Вараждин.
Раководството на Ракометната федерација на Македонија објави премија од по еден милион денари за секоја победа на шампионатот. Истиот износ го најави и премиерот Христијан Мицковски, со цел дополнителна мотивација за избраниците на Кирил Лазаров пред клучните натпревари на овој мундијал.
Со двете победи над Гвинеја и Катар, нашата репрезентација ќе добие вкупно четири милиони денари, целосно заслужено за начинот на кој ги бранеа боите на државата и донесоа радост на сите љубители на ракометот во Македонија.