Филипче: Додик испрати опасни пораки во Скопје, Мицкоски цело време глуми изненаден !


 Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази загриженост за пораките што биле испратени за време на прославата на празникот Св. Сава, каде присуствувал и премиерот. Во изјава за ТВ 21, тој постави прашање дали премиерот е свесен кој му е вицепремиер и како се организираат ваквите настани.

Според Филипче, премиерот издал одредена реакција, но се добива впечаток дека постојано е изненаден од изјавите на коалициските партнери и странските гости.

„Премиерот изгледа изненадено од изјавите на своите коалициски партнери, како што беше неодамнешната од Арбен Таравари, но и од странските гости. Мора да внимаваме кого покануваме и какви пораки се испраќаат, бидејќи сме членка на НАТО. Овие изјави можат да навредат припадници на различни етнички заедници во нашата мултикултурна држава, што е наше најголемо богатство. Потребно е безбедносните служби да се запрашаат дали биле свесни за присуството на одредени личности и нивните изјави. Дали станува збор за хибриден напад и дали овие пораки се спротивставуваат на државните интереси на една НАТО членка?“, изјави Филипче за ТВ 21.