Повторно е сменето раководството на скопското Јавно комунално претпријатие. Досегашниот директор, Јетон Незири, е разрешен, а градоначалничката Данела Арсовска на негово место го именуваше Сабахудин Рустеми. Новото назначување предизвика реакции и честитки на социјалните мрежи.
Рустеми, кој доаѓа од Сарај, е познат како поддржувач на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Негови објави на социјалните мрежи сведочат за неговата поддршка кон Блерим Беџети, како и за неговото учество во протестниот камп на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Одредени негови содржини на интернет привлекоа внимание, вклучително и објави со пречкртаните ликови на претседателите Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова, како и повици за бојкот на маркетите „Стокомак“ и „Кам“.
Според неофицијални извори, Рустеми бил ангажиран во „Комунална хигиена“ преку агенција пред неколку месеци, пред да биде поставен на директорската позиција.