Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека во Македонија

  Ноќеска, во 00:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено од Ургентниот центар во Гостивар дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според првичните информации, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во градот.

Неколку часа подоцна, во 04:35 часот, од Ургентниот центар повторно било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен и малолетник од Гостивар, кој исто така претходно консумирал алкохол во дискотека.

Полицијата информира дека работи на расчистување и документирање на случајот. По завршување на истрагата, ќе следува поднесување соодветна пријава.