Вчера ЈСП остана со еден автобус помалку откако целосно изгоре во Сопиште. Инцидентот се случи во близина на приватни куќи и дрвја, но благодарение на брзата интервенција, пожарот не се прошири.
На терен лично излезе и директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој изјави:
„Имаме одредени сознанија, но ќе почекаме официјална истрага за да утврдиме дали случајот има политички мотиви или станува збор за технички проблеми. Овој автобус беше исправен и во добра состојба. Проблемот најверојатно настанал поради неисправна инсталација. Автобусот стоеше овде, надвор од базата, бидејќи се користи за приградски линии. Повикани се вештаци за да ги утврдат деталните причини за настанот.“