Кривични пријави за лекар, адвокат и четворица соучесници за измама и злоупотреба


СВР Тетово поднесе кривични пријави против шест лица осомничени за серија кривични дела, меѓу кои „измама“, „помагање“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службени исправи“.


Првопријавениот И.Б. (52), лекар во Клинички центар Тетово, во 2021 година изготвил лажен медицински извештај за наводни повреди од сообраќајни несреќи за да овозможи обештетување од осигурителни компании. Второпријавениот А.П. (39), адвокат од Скопје, изготвил и доставил полномошно со фалсификувани податоци до осигурителна компанија, преку кое била исплатена нематеријална штета од 680.000 денари.


Во случајот биле вклучени и останатите пријавени:

Третопријавениот А.Љ. (30) посредувал во доставувањето на фалсификуваната документација и подигнал 399.350 денари.

Четвртопријавениот С.А. (48) помогнал во обезбедување на фалсификувана документација, а подигнал 280.000 денари.

        •Петтопријавениот Д.А. (25) и шестопријавениот Е.Ј. (34) давале свои податоци и учествувале во реализацијата на измамата, иако знаеле дека не им следува обештетување.


Со овие активности, осигурителната компанија била оштетена за 680.000 денари.