Трагедија: "Камо среќа да не седнеше во тој проклет автобус" – Тага по младото момче што загина кај Умка

 Младиот Урош Х. (29) загина во тешка сообраќајна несреќа кај Умка, каде се судрија два меѓуградски автобуси. Веста за неговата смрт ја потресе Србија, особено неговите блиски.

Урош, дипломец на Машинскиот факултет со највисока оцена, неодамна се вработил во Белград. Обично на работа одел со автомобил, но кобното утро избрал автобус. Неговите повреди биле фатални.

Несреќата се случила во понеделник околу 06:20 часот на Обреновачкиот пат. Според првичните информации, автобус што сообраќал од Обреновац ја престигнал колоната и удрил во возилото на „Ласта“, кое се движело кон Обреновац. Загинаа Урош и мајка на две деца.

Возачот на автобусот „Шевиќ турс“, Г.Ж., е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.