ШОКАНТНО: ЕВЕ КАКО ГРУБИ ГО ОСТАВИ БМВ-ТО – БЛОКИРАН МОТОР, ВРАТИ ОД ДРУГО ВОЗИЛО И ВАДЕНИ ДЕЛОВИ! (ФОТО)
Министерството за односи меѓу заедниците објави извештај за состојбата на службеното возило БМВ, набавено од претходното раководство под водство на Артан Груби, кое беше спомнато од актуелниот вицепремиер и министер Иван Стоиљковиќ.
Според извештајот, возилото било оставено на сервис во компанијата "Ауто Лакер Буњо" ДООЕЛ во Куманово, со која министерството имало договор за одржување на своите возила. До истекот на договорот во мај 2024 година, компанијата не го вратила возилото.
При проверката, новото раководство утврдило дека моторот е блокиран, левата предна врата и крило се заменети со делови од друго возило во различна боја, а оригиналните делови недостасуваат. Моторот е отворен и недостасуваат одредени компоненти. Предниот браник е неправилно монтиран и постои сомнеж дека оригиналниот браник е заменет. Бравите и тапацирите од левата страна се демонтирани и оставени внатре во возилото, што укажува на можни дополнителни оштетувања.
Извештајот истакнува дека не е исклучена можноста за недостиг на други делови.