Семејството и полицијата трагаат по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој е исчезнат од вчера. Неговиот татко го пријавил исчезнувањето во полиција.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 30 јануари 2025 година во 18:00 часот во Полициската станица Неготино. Таткото на исчезнатиот, Д.Т. (60), изјавил дека неговиот син М.Т. (28), кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од семејниот дом. Во тек се мерки за негово пронаоѓање.
Неговата сестра во изјава за „Фокус“ истакнува дека Миле е одговорна личност, млад спортист и вработен, а семејството нагласува дека никогаш досега не се случило вакво нешто.
– Брат ми вчера замина на работа во Кавадарци, облечен во работничка облека, со бело палто и црн елек. Висок е, со спортска градба. Од информациите што ги имаме, тој му кажал на својот работодавец дека дава оставка, при што разговарал смирено. Потоа заминал, но оттогаш немаме никакви вести за него – изјави неговата сестра.
Последен пат бил забележан во селото Марена, околу 10:30 часот, облечен во работничка униформа – бело палто и црн елек.
Семејството апелира до сите кои имаат било какви информации да се обратат во најблиската полициска станица.