Тага во МРТ: На 47-годишна возраст почина Емилија Николова-Христовска

 На 47-годишна возраст почина Емилија Николова-Христовска, раководителка на секторот за финансии во Македонската радио-телевизија.

Во изминатите десет години таа неуморно го вложуваше својот труд и посветеност во финансискиот сектор, оставајќи значаен белег во работата на институцијата.

„Емилија беше вистински пример за посветеност, професионалност и човечност. Ќе остане запаметена како исклучителен соработник и пријател“, велат нејзините колеги.

Освен што беше успешна професионалка, Емилија беше и сопруга и мајка на две деца, кои беа нејзината најголема гордост.