- Get link
- X
- Other Apps
Поради врнежи од снег, на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Претходно, од АМСМ информираа дека се воведени забрани за сообраќај на тешки товарни возила на следните патни правци:
- Дебар – Маврово (забраната е на сила од 11:55 часот),
- Тетово – Попова Шапка (од 12:15 часот), каде што за останатите возила е задолжителна употребата на зимска опрема,
- Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража (од 12:15 часот).
АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
- Get link
- X
- Other Apps