Голема полициска акција утрово во Македонија

 Министерството за внатрешни работи (МВР) рано утринава изврши претрес на повеќе локации во Скопје, Битола, Неготино, Дојран и Гевгелија.

Според нашите извори, акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимавала со криумчарење и фалсификување на луксузни возила. Овие возила, украдени од земји членки на Европската Унија, нелегално биле внесувани и користени во Македонија.

Операцијата е во тек, а во текот на денот се очекуваат дополнителни информации и детали од надлежните органи.