ПРЕТЕПАН И ОГРАБЕН МАЛОЛЕТНИК ВО СВОЈОТ СТАН ВО ГАЗИ БАБА


 Малолетник бил повреден при напад од двајца разбојници во стан во скопската населба Гази Баба. Инцидентот се случил утрово околу 6:45 часот, а случајот во полицијата го пријавила неговата баба, Р.А. (65), која живее како потстанар во истиот стан.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, напаѓачите насилно влегле во станот, физички го нападнале малолетникот со метален предмет и му одзеле пари.

Полицијата презема интензивни мерки за идентификување на сторителите и расветлување на случајот.

Засега не се познати детали за состојбата на малолетникот, ниту за износот на украдените пари.