ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Бегајќи од полицијата направил хаос - искршени коли, повредени патници, пронајдена дрога ...

 

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј. (26) од Скопје.

Според информациите на полицијата тој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.

Во сообраќајната незгода, А.Т., Д.М. и неговата сопатничка И.Н. (21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, кои се констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „Дачија Дастер“ со скопски регистарски ознаки, при што причинил материјална штета.

Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.