Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Р. (24) од Штип, под сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешка телесна повреда“.
%20(1).png)
Инцидентот се случил во двор во Кочани, кога пријавениот со голема брзина влетал со патничко возило „Југо“ и удрил во маса на која седеле С.Т. и нејзиното семејство. По ударот, осомничениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на Ш.Т.
Случајот е под истрага од надлежните органи, кои работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот.
.png)