Дарко Чурлинов, македонскиот репрезентативец и интернационалец, направи голем чекор во својот личен живот – се вери со својата девојка Филипа. Напаѓачот, кој моментално настапува за полскиот клуб Јагиелонија, ја искористи паузата во европскиот фудбал за да ја запроси својата сакана.
Филипа, која потекнува од Грција, веќе извесен период е во врска со Чурлинов. Нивната љубовна приказна сега добива нова димензија, откако нашиот фудбалер реши да го направи овој важен чекор.
Последниов период носи само позитивни промени за Чурлинов. По тешкотиите кои ги имаше со неиграњето во Барнли и здравствените проблеми што, за среќа, не оставија трајни последици, работите конечно тргнаа во вистинска насока.
Со одлични настапи за Јагиелонија и полна минутажа на теренот, Чурлинов полека се враќа во препознатливата форма. Истото важи и за неговите игри во дресот на македонската репрезентација, каде што почна да ги оправдува очекувањата на навивачите и фудбалската јавност.