Руските безбедносни сили спречија терористички напад што го планираа џихадистите од групата Вилајат Хорасан, авганистанското крило на Исламската држава, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ.
– Федералната служба за безбедност на Руската Федерација во Москва ликвидираше ќелија на меѓународната терористичка организација „Исламска држава“, чии членови, староседелци од Централна Азија, планирале да извршат терористички акт врз објект на Министерството за внатрешни работи во главниот град – стои во соопштението.
Според ФСБ, сторителите, кои се обврзале на верност кон Исламската држава, го привлекле вниманието на оперативците кога почнале да собираат информации за одделот на Министерството за внатрешни работи што го избрале како цел.
Осомничените купиле автомобил и го наполниле со шишиња пропан, а потоа почнале да изработуваат рачно направена бомба.
При приведувањето, терористите пружиле вооружен отпор и биле неутрализирани со возвратен оган.
Групата Вилајат Хорасан е позната по преземањето одговорност за бројни напади, вклучувајќи го и нападот на Хала Крокус, во кој загинаа 145 луѓе.