Двајца осомничени со ножеви во рацете се заканиле на униформирани полициски службеници, кои вршеле мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица. Полицајците го запреле возилото на осомничените за да извршат контрола, но осомничените реагирале агресивно, вербално заканувајќи се дека ќе ги убијат.
Едниот од осомничените физички нападнал полицаец, туркајќи го на земја и стегајќи го за вратот, нанесувајќи му телесна повреда. Во обид полицајците да го совладаат напаѓачот, вториот осомничен се вмешал, попречувајќи ги така што ги влечел за униформите.
Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола им одреди притвор во траење од осум дена.