Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули годинава со автобус удри во жардиниера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач кој по несреќата јавно проговори за состојбата на автобусите, посочувајќи дека на терен се возат неисправни возила.
Негови колеги сведочат дека Арифи бил под голем стрес по несреќата. Него го паметат како професионалец, а дел од нив истакнуваат: „Обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеа како голема траума“. Ова го потврдува и снимката на која тој пред базата на ЈСП ја раскажува својата верзија за критичниот момент.
Обвинителството издаде насоки за вештачење за да се утврди дали автобусот бил технички исправен. Сепак, до овој момент, резултатите од вештачењето не се објавени.