ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА УТРОВО: Се стравува дека над 40 лица загинаа кога патнички авион се сруши во Казахстан


  Денеска патнички авион се урна во близина на аеродромот Актау во Казахстан, при што животот го загубија над 40 лица, според досегашните информации. Најмалку 25 патници ја преживеале несреќата.

Меѓу патниците имало и деца, а дополнителни информации за жртвите ќе бидат соопштени наскоро. Во болницата досега се пренесени најмалку 22 патници, од кои дел се во критична состојба.

На социјалните мрежи се појавија видеа од преживеаните патници, кои се гледа како излегуваат од урнатините и помагаат во извлекувањето на другите. Авионот, кој патувал од Баку до Грозни, се урнал на само три километри од аеродромот Актау. Според азербејџанските медиуми, причината за несреќата е судир со јато птици. Подоцна се појавија информации дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла.

Линк од видеото

Генералниот конзул на Азербејџан во Актау, Ајкан Сулејманли, изјави дека засега немаат конкретни информации. „Нашите вработени се на терен, а јас сум на пат. Не можеме со сигурност да потврдиме ништо во овој момент,“ изјави тој.