СТОРИЈА КОЈА ГО КИНЕ СРЦЕТО: Мајката 3 години не се јавила да праша како се децата кои сега останаа сирачиња


  Судбината на Перуника Јовановска од Кичево остава длабок впечаток. За само една година ги изгуби и синот и ќерката, што ја остави со пет мали внучиња за кои сега се грижи со неизмерна љубов и пожртвуваност.

На 26 ноември, утрото, нејзиниот 34-годишен син Марјан ненадејно почина. Тој беше самохран родител кој три години се грижеше за своите пет деца – Дарко, Давид, Ивона, Тамара и Блаже, откако нивната мајка ги напуштила. Марјан, и покрај сите предизвици, посветено работеше за да им обезбеди подобар живот.

До септември годинава, семејството живеело во стара куќа во кичевското село Лешница. Заради образованието на децата, Марјан изнајмил дел од куќа во градот. Иако ова требаше да биде нов почеток, неизвесноста останува – плаќаат кирија од 5000 денари, а можат да бидат иселени во секој момент.

„Ќе се борам за нив до последната капка крв. Треба да имаат свој дом, за да можат безгрижно да растат. Со парите што ги даваме за кирија, би можела да им обезбедам храна и облека,“ вели низ солзи Перуника.

Покрај неа, тетка Маријана – сестрата близначка на Марјан – исто така ги поддржува децата. Иако живее во мал простор, таа не се откажува и се грижи за нив како за свои.

На овие пет деца им треба едно – сигурен дом. Живеат во постојана неизвесност, а помошта од хуманите граѓани може да направи огромна разлика во нивниот живот.

Ако сакате да помогнете, можете да се обратите на телефонскиот број: 070/379-562 или да донирате на трансакциската сметка: 250-0320001238-62.