Познатата македонска фирма соопшти дека на вработените ќе им исплати 30.000 денари награда за Нова Година
Компанијата „Макпетрол“, позната по својата стабилност и успешност, одлучи да ги награди своите вработени со новогодишен надоместок, потврдувајќи ја својата грижа за човечкиот капитал.
„Имајќи ги предвид трудот и посветеноста на нашите вработени, како и по повод Новогодишните празници, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје додели новогодишен надоместок од 30.000 денари по вработен. Грижата за нашиот тим е темел на долгорочниот успех на компанијата и составен дел од нашата корпоративна политика,“ стои во официјалното соопштение, кое беше објавено како ценовно чувствителна информација на Македонската берза.
Покрај тоа, „Макпетрол“ и оваа година може да се пофали со одлични резултати. За периодот од јануари до септември 2024 година, компанијата оствари оперативни приходи од 377,2 милиони евра, а чистиот профит изнесуваше 13 милиони евра, што претставува раст од 18 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Со ваквите резултати и грижата за вработените, „Макпетрол“ останува пример за успешна и одговорна корпоративна пракса.