ЕФА: Бугарскиот национализам го блокира европскиот пат на Македонија

 Гласањето за извештајот за пристапување на Македонија во ЕУ беше одложено од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент поради притисок од Бугарија. Според Европската слободна алијанса (ЕФА), станува збор за злоупотреба на европските институции во корист на националистички цели.

ЕФА истакнува дека Бугарија одбива да го признае македонскиот идентитет и со тоа го блокира напредокот на Македонија кон ЕУ. Истовремено, Македонците во Бугарија се соочуваат со дискриминација и полициско следење, што е документирано и за време на посетата на партијата минатата година.

Во извештајот на Комитетот „Толеранција“ се наведува дека Бугарија не ги почитува правата на македонското малцинство, и покрај препораките од европски институции.

ЕФА повикува на признавање на македонскиот идентитет како услов за заштита на малцинствата и забрзување на европскиот процес. Европа, велат тие, мора да се гради врз еднаквост, а не под влијание на националистички притисоци.