АВТОМОБИЛОТ ПРЕПОЛОВЕН: 30 годишниот Александар загина во страшна сообраќајка (ФОТО)

 


  На социјалните мрежи членови на семејството и пријателите на загинатиот Александар објавуваат потресни пораки. Неутешни и згмечени од болка, тие ги испраќаат последните поздрави до својот Александар.

Александар починал на лице место, додека тројца патници се тешко повредени, а овој човек непосредно пред несреќата на социјалните мрежи објавил видеа на кои се гледа како се забавува и пие алкохол.

Се сомничи дека Александар Н. возел со голема брзина кога наеднаш изгубил контрола над автомобилот, кој потоа се судрил со друго возило. Очигледно бил под дејство на алкохол.


Лекарите од итната помош, кои за неколку минути биле на местото на несреќата, се обиделе да му помогнат на Александар Н., но тој набрзо починал од повредите.

– Неговите сопатници со тешки повреди се префрлени во локална болница каде лекарите се борат за нивниот живот – додава соговорникот.