Четворица инженери се приведени: Тројца загинаа откако Google Maps ги однел по недовршен мост (ВИДЕО)

 


Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија во неделата, додека наводно ги следеле упатствата од апликацијата Google Maps, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата.

Автомобилот во кој се наоѓале излетал од недовршен мост, кој бил во фаза на реконструкција, и подоцна бил пронајден од локалното население.

Загинатите се браќата Нитин и Аџит, двајцата 30-годишници, и нивниот роднина Амит, 40-годишен. Тие патувале од Ноида, град во Утар Прадеш, на околу 20 километри југоисточно од Њу Делхи, до Фаридпур, со цел да присуствуваат на свадба. Според извештаите, Google Maps го насочил возачот кон мостот, кој бил оштетен од претходни поплави и имал урнат дел. На местото немало поставено бариери или предупредувачки знаци, што придонело за трагичниот исход.

Властите го истражуваат случајот, а локалното население апелира за поголема безбедност и соодветно обележување на опасните патишта.