Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара итно свикување на лидерска средба по инцидентите за време на прославите на Денот на албанското знаме.
„Како партија која секогаш го става интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, СДСМ предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е наша обврска кон граѓаните – да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со предизвиците и да ја зачуваме стабилноста и мирот во државата,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
На новинарско прашање дали ќе го прифати барањето на опозицијата, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе размисли.
„Не сум размислувал за тоа. Ако има аргументи во таа насока, ќе размислам во деновите што следат. Моментално не гледам објективна причина за таков чекор,“ рече Мицкоски.