,,Како до сега'' - Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

 


  Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски на форум организиран во чест на 75-годишнината од НАТО во Министерството за надворешни работи.

Мисајловски појасни дека токму на денот кога САД ќе одлучуваат дали да му дадат поддршка на Доналд Трамп, кој ветува прекин на американската помош за Украина, Македонија ќе се приклучи на иницијативите на земјите членки на НАТО и ЕУ за продолжување на поддршката на Украина против руската агресија.

Министерот не прецизираше во што ќе се состои новиот пакет помош за Украина, но најави дека сите детали ќе бидат објавени по затворената седница на Владата, која ќе се одржи денес попладне.

„Ќе продолжиме да помагаме. Затоа сме пријатели,“ изјави Мисајловски, потврдувајќи дека Македонија ќе продолжи со поддршката според своите можности.

Мисајловски исто така објави планови за забрзана модернизација на армијата, при што следната година ќе се издвојат над два отсто од буџетот, означувајќи го како значајна финансиска инвестиција.

Министерот ја оцени и безбедносната состојба во земјава како стабилна, но предупреди на потенцијалниот ризик од реактивирање на балканската бегалска рута поради неодамнешните настани на Блискиот Исток.