Ранет елен му се одмазди на ловецот, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)


 Во главните улоги се ловец и ранет елен, подготвен за брутална одмазда.

На почетокот гледаме човек со пушка како се приближува до големото животно и пука, но не го убива. Неколку секунди подоцна следува жесток контранапад, пишува Дејли мејл.

Еленот го удрил ловецот со рогови и го соборил на земја, во непосредна близина на автомобилот во кој биле двајца негови (вооружени) колеги. Животното продолжило да го гази беспомошниот човек кој се обидувал да се спаси.

Линк од Видеото

Останува нејасно зошто другите ловџии не пукале, додека камерманот се обидел да го исплаши бесното животно. Локалните медиуми јавуваат дека инцидентот се случил претходно овој месец.

Засега не се знае дали ловецот се здобил со сериозни повреди по нападот, ниту пак му била укажана лекарска помош.

Вапити (Cervus canadensis) е преживар од семејството на елени. Тој е најголемиот вид по лос, а живее во шумите на Северна Америка и Источна Азија, додека успешно е колонизиран во Аргентина и Нов Зеланд.