Пожар во депото на ,,Македонски железници" во Скопје - Горат вагони

 


Синоќа избувнал голем пожар во депото на „Македонски железници – Транспорт“ на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, зафаќајќи вагони на јавното претпријатие. Според командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски, пожарот бил пријавен околу 1:20 часот по полноќ.

Пожарникарските екипи го локализирале огнот околу 3:30 часот, но и понатаму остануваат на терен за целосно гаснење. И покрај напорите, утрово во 9:00 часот било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Во меѓувреме, над местото на настанот сè уште може да се забележи темен чад.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот во хангарот на „Македонски железници“, каде што се наоѓале стари и неисправни вагони и локомотиви, бил пријавен во 1:45 часот. За среќа, нема повредени лица.