Тешка сообраќајна несреќа се случила на преминот Ѓавато, на магистралниот пат меѓу Битола и Ресен.
Според првичните информации, во несреќата учествувале трактор и автомобил од марката Мерцедес. Автомобилот се превртел на покрив.
Во моментот, надлежните служби вршат увид на местото на настанот. Сообраќајот на магистралниот пат Битола – Охрид се одвива наизменично, што предизвикува кратки застои. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.