Синоќа, околу 21:45 часот, полициски служби од СВР Скопје привеле четири лица, меѓу кои тројца скопјани и еден од Крива Паланка, по инцидент што се случил во угостителски објект во Карпош.
Инцидентот се случил околу 19:40 часот, кога по недоразбирање во врска со плаќање на сметка, неколку лица започнале физички напад врз три други лица. Нападнатите се здобиле со повреди и веднаш биле однесени на лекување.
По пристигнувањето на полицијата, осомничените лица беа приведени, а случајот е под интензивна обработка. Откако ќе биде целосно документиран, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.