Во Прилеп се уапсени три лица, од кои едно е малолетно, поради инцидент со сквернавење на албанското национално знаме.
„Еден од уапсените е малолетник, а двајца се полнолетни. На една од снимките се гледа како албанското знаме е положено на земја и се гази со возило, додека други лица помагаат во тоа“, изјави Тошковски.
Во меѓувреме, во Куманово е приведено лице поради кршење на таблата на Српскиот Конзулат, инцидент кој следеше по протесна нота од Српската амбасада.
„Овие настани се неприфатливи, и институциите мора да одговорат соодветно. Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки против сите лица вклучени во вакви случаи“, додаде Тошковски.