Ученик во трета година во средно училиште во Лесковац почина денеска околу 14 часот откако беше нападнат во близина на образовна установа, јавува „РТС“.
Момчето, родено во 2007 година, било пренесено во болница без свест, без пулс и со немерлив крвен притисок.
– Веднаш започнавме интензивна реанимација, но, за жал, во 15:45 часот беше констатирана смрт – изјави д-р Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац.
Старателот на тинејџерот, кој трагично го загуби животот, видно потресен, даде изјава за полицијата, нагласувајќи дека момчето секојдневно го минувало истиот пат до дома и никогаш немало проблеми.
– Тој беше тивко и мирно дете, се враќаше дома како и секој друг ден – рече Г.В., кој е згрижувач на тинејџерот.
Семејството кое се грижеше за момчето е во шок и тагува за загубата.
Старателите објаснија дека тинејџерот живеел со нив од 2011 година, заедно со својот постар брат, кој веќе завршил средно образование и продолжил на факултет.
Неколку часа по инцидентот, полицијата приведе неколку осомничени малолетници поврзани со нападот.